ЈП Македонски железници го осуди штрајкот на машиновозачите

by Fokus

Јавното претпријатие Македонски железници – инфраструктура го осуди штрајкот на машинскиот персонал во Македонски железници – транспорт.

Во соопштение испратено до јавноста од МЖ изјавуваат дека тие се заложници на една група работници – машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и стока, и поради тоа и двете компании трпат огромни загуби. Оттаму велат дека нема да прифатат селективно покачување на коефициентот на сложеноста на работните места и други привилегии на работните места.

Проблемите во железничкиот систем настанаа во ноември 2011 година, со измените на законот за железнички систем, со кој се забрани либерализација на пазарот. Оваа новонастаната ситуација ѝ овозможи на МЖ-транспорт позиција на монопол.

„ЈП Македонски железници- инфраструктура од новата реформска влада побара да се врати законот и да дозволи либерализација на пазарот на железнички услуги во согласност со европските директиви. Со либерализацијата на железничкиот пазар во Република Македонија, ЈП Македонски железници-инфраструктура е подготвена да дава услуги и на други заинтересирани оператори кои сакаат да влезат на македонскиот пазар“, пишуваат МЖ во соопштението.

 

 

Поврзани новости