Јовановски: СДС прави штетен анекс-договор од 850 илјади евра на веќе готов автопат

by Fokus

Владејачката партија прави штетни анекс-договори и намерно го одолговлекува пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија–Смоквица, истакна денеска Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС на веќе завршен автопат, кој се чека да се пушти во употреба, прави анекс на договор со подизведувачите кој чини 850 илјади евра, пари кои ќе бидат платени од државниот буџет. Значи готов автопат, намерно го одолговлекуваат поради изборите, а граѓаните тоа ќе го платат со 850 илјади евра. Скандалозен анекс кој не се однесува на градежни работи туку на надзор“, рече Јовановски.

Тој додаде дека со ова се врши директна злоупотреба на парите на граѓаните и отвора сомнеж за тежок криминал кој СДС, Заев и Сугаревски свесно сакаат да го направат.

 

Поврзани новости