Јолевски ја продолжува посетата на Вашингтон

by Фокус

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Вашингтон ќе се сретне со претставници на Белата куќа, Секретаријатот за одбрана и Стејт департментот, откако во текот на вчерашниот ден имаше средби со претставници на американскиот Конгрес, на кои се разговарало за мигрантската криза и регионалната состојба, како и за политичката ситуација во Македонија.

– За време на посетата на Вашингтон имав бројни средби со претставници на Сенатот и Конгресот, со претставници на невладини тинк-тенк организации, а во текот на денешниот ден ќе имам средби во Белата куќа со советникот на претседателот Обама за Европа, Селест Валетер, и се разбира средби во Стејт Департмент и во Пентагон. Исто така имав два настапи овде во Германскиот Маршалов Фонд и во Сенатот на тркалезни маси што се однесуваа на состојбата во Европа, особено со мигранската криза. На овие средби разговаравме за интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, а исто така разговаравме и за состојбите во регионот и домашната состојба во РМ- изјави Јолевски за МТВ.

Поврзани новости