Јеремиќ: Повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Македонија е шарлатански

by Фокус

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, оцени дека потегот на Србија на чело со српскиот претседател Александар Вучиќ да го повлече целокупниот персонал од амбасадата во Скопје е дипломатски дилентантизам и шарлатанство.

„Што и да се случило во Скопје, повлекувањето на целокупниот персонал на амбасадата е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено за банана-држави“, напиша на Твитер Јеремиќ, кој е актуелен претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој.

Поврзани новости