Јавни личности се најдоа на списокот фантоми на ДИК

by fokus

Новата листа со спорни гласачи која Државната изборна комисија ја објави денеска, предизвика лавина реакции, откако меѓу 39 502 „фантоми” се пронајдоа личности, кои несомнено имаат право на глас.

На листата со спорни гласачи се најдоа: новинарот Ерол Ризаов, професорката Мирјана Најчевска, лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов,  Гордан Георгиев, поранешен потпретседател на СДСМ, Коле Чашуле, главен уредник на Алфа ТВ …

Ова е список на спорни гласачи кои при првата теренска проверка не биле најдени дома.

Освен тоа, голем дел од имињата во новиот список се истите кои беа објавени на веб страницата на ДИК уште на 29 март годинава, а за кои беше утврдено дека нивното гласачко право е неспорно.

Поврзани новости