Јавна седница на Апелација за куќниот притвор на Талески

by fokus

Апелациониот суд денеска ќе одржи јавна седница во врска со жалбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески за куќниот притвор  кој му беше определен од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а кој беше побаран од Специјалното јавно обвинителство.

Во решението на Кривичниот совет пишуваше:

-Решението на судијата на претходна постапка од 13.6.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В. Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст. 1 т. 1 , 2 и 3 од ЗКП. Истовремено, се забранува осомничениот В. Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против него ќе се определи мерка притвор.

Јавната седница е по барање на одбраната на првоосмничениот Талески, кој се товари за злоупотреба на 360.000 евра во случајот „Транспортер“.

Поврзани новости