Јанушев: Идеите на партиското раководство ќе бидат преточени во новиот статут на ВМРО

by Фокус

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денес порача дека најголем дел од идеите на новото партиско раководство ќе бидат преточени во новиот статут на партијата.

-Тоа нешто што последниот период се зборува доста често, на што веќе интензивно работиме еден одреден период, пред се преку едно суштинско анализирање на статути на нашите сестрински партии од Европа и од соседството. Очекувам во следниот период да излеземе со конкретни предлози, каде што на некој начин дел од начинот на функционирањето на партиските работи ќе бидат изменети, некои ќе бидат дополнети, негде ќе бидат предвидени нови работи. Така што, пред се, изворот на идеи го гледам тука – изјави Јанушев за Канал 5.

Тој посочи дека е отворен сум за сите идеи и размислувања секој партиски член од сите структури, по што, додаде новиот генерален секретар на ДПМНЕ, заеднички ќе донесат решенија како ќе делуваат во иднина.

Поврзани новости