Јанева во извештајот: Каде што има кривични дела мора да има и казни за сторителите

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави извештајот за работата во периодот од 15.03 до 15.09.2016, во кој специјалната јавна обвинителка ја образложува работата. Во него се вели дека СЈО се соочувало со одредени потешкотии од аспект на меѓуинституционална соработка и голем дел од институциите покажале непочитување. Во овој период биле сослушани 300 сведоци, а 60 лица се осомничени.

-Клучните фактори кои влијаеа врз работата на ова Јавно обвинителство во изминатите шест месеци е вербата на обвинителскиот тим во правото и во неговата супериорност во обезбедувањето на правдата, цврстата убеденост на тимот дека таму каде што има кривични дела мора да има и казнивост на нивните сторители и убеденоста на ова Јавно обвинителство дека еден народ е толку цивилизиран народ колку што ги прифаќа и брани вредностите на правото. И од вториот извештај може да се види дека ова Јавно обвинителство истрагите ги води темелно и дека настојува утврдените резултати да можат да издржат и најсилна критика од страна на стручната и пошироката јавност, пишува Јанева во извештајот.

Целиот извештај е објавен на веб страницата на Специјалното јавно обвинителство и можете да го прочитате на овој линк.

Поврзани новости