Јанева: Внимателно го слушам Милошоски, исто како и во бомбите

by fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева и денеска продолжи да одговара на прашањата од пратениците на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, и постави прашање за нејзината компетентност, односно какво е нејзиното досегашно потрфолио.

На ова прашање, Јанева искоментира дека внимателно го слуша Милошоски, исто како што го слушала и во „бомбите“ и го упати за нејзиното искуство да се обрати кај нејзиниот поранешен шеф, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости