Јанева:Тоа што го баравме и најдовме во домовите, го земавме

by Fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева во денешната изјава истакна дека СЈО ги анализира материјалите земени при вчерашните претреси во канцелариите и домовите на лицата кои се сомничат за оддавање службена тајна.

Откако „Фокус“ вчера објави дека СЈО се сомневаат дека поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски му давал тајни информации на шефот на државата Ѓорѓе Иванов, Јанева истакна дека не може да коментира зошто уште се анализираат.

– Не можам ништо да потврдам бидејќи во овој момент податоците што се одземени уште се анализираат. Откако ќе биде анализирано во интерес на нашите постапки ќе бидете извесетни. Ги видов написите на социјалните мрежи, тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се само шпекулации и претпоставки – истакна Јанева.

Според неа, вчера вечерта нивните екипи и полицијата ги извршила претресите.

– Синоќа и денеска се составуваат записници и се што е земено ќе биде доставено до Обвинителството. Мислам дека тоа што го баравме и најдовме во домовите го земавме. Дали е се што е потребно не можам да кажам – рече Јанева.

Поврзани новости