Јанева побара да се донeсат измените на Законот за заштита на сведоци за СЈО да работи на „Смилковско Езеро“ и „Нешкоски“

by fokus

На почеткот на денешната прес конференција, специјалната обвинителка Катица Јанева упати апел до Собранието што побрзо да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци за СЈО да може да работи на предметите „Монструм“ односно „Смилковско Езеро“ и убиството на Мартин Нешкоски.

-СЈО ќе продолжи со својата работа, за граѓаните да дознаат кој и на кој начин од 2008 до 2015 година извршил кривично дело и кое произлегува од незаконското следење на комуникациите, кој се збогатил врз грбот на граѓаните на Македонија, тоа богатвство да биде вратено во државата, како и да се утврди кој вршел прислушување, рече Јанева.

Специјалното јавно обвинителство денеска до Кривичниот суд ќе поднесе две обвиненија за преметите со уништување на документација поврзана со системите за прислушување, како и со демолирањето на општина Центар.

Поврзани новости