Јанева ни вети дека ова ќе и биде прв случај, рекоа родители на убиените деца кај Смилковско езеро

by fokus

Семејствата на убиените кај Смилковско езеро со негодување реагираа откако судијата одлучи да се одложи денешното рочиште по предметот „Монструм“, затоа што Специјалното јавно обвинителство информирало дека ги бара списите.

„Знаевме. Срамота. Ова е политички пазар. Претходната власт ни ветуваше едно, оваа друго, Катица Јанева ни вети дека ова ќе и биде прв случај. Децата ни скапуваат во земја, шест години ни го прават ова“, беа дел од реакциите на семејствата на жртвите, пренесува „Плусинфо“.

– Бараме телефонот на детето да ни се врати под итно. Кој го исклучи телефонот? Многу ни значи да го добиеме кај нас. Нема да дочекаме живи да се заврши судењето – рече еден од родителите.

Помеѓу барањата на семејствата на родителите е и да се откријат имињата на шесте лица кои се поврзани со предметот, а се класифицирани како државна тајна. Родителите велат и дека во автомобилот со кој, според првичното обвинение, се возеле обвинетите, паднал телефон на висок функционер за разузнавање за што бараат да се соопшти кој е и зошто се крие тоа.

Судењето продолжва на 17-ти април до кога и ќе се знае дали СЈО ќе го презеде предметот.

Поврзани новости