Јанева на средба со Аневски за да му објасни зошто го повлече „Пуч“

by fokus

Специјалната обвинителка Катица Јанева предмалку дојде во Советот на јавни обвинители на средба со претседателот Петар Аневски. Јанева е повикана од Аневски да објасни зошто го повлече обвинителниот акт за случајот „Пуч“, во кој беа обвинети лидерот на СДСМ Зоран Заев, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевски иБранко Палифров службеник во Општина Струмица.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на 18 јануари соопшто дека се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

В.В.

Поврзани новости