Јанева: Има предистражни постапки и за функционери од сегашната власт

by fokus

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во вечерашното гостување на телевизија Телма одговарајќи на обвинувањата дека СЈО е политички инструмент бидејќи нема истраги за членови на другите партии освен ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие обвинувања со тек на време сами ќе се негираат и дека СЈО веќе има отворено предистражни постапки и за функционери од сегашната власт.

-Да беше овој закон за зашита на сведоци, ќе можевме многу повеќе да го заштитиме господинот Коста Крпач. Во моментов имаме околу 100 предистражни постапки. Некои од нив и ќе ги затвориме, дека за некои и нема докази. Доколку кога ќе дојде време предистражните и истражните постапки да се преточат во обвиненија, а се уште не е решен статусот на СЈО, тогаш овие предмети ќе ги доставиме до нашите колеги од Основното јавно обвинителство, рече Јанева.

Поврзани новости