Јанева и денеска ќе одговара на пратеничките прашања

by fokus

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која почна вчера и на која пратениците и поставуваа прашања на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе продолжи денеска.

Вчерашната седница започна со обраќање на Јанева во врска во Извештајот на СЈО, а потоа пратениците и поставуваа прашања, а таа одговараше.

Таа побара од пратениците да се продолжи рокот од 18 месеци за истраги за да може целосно да се истражи кој, како и во кој период незаконски прислушувал, да се донесат измени на Законот за заштитени сведоци и да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста.

Поврзани новости