Јанева ги зголемува мерките за безбедност на Специјалното обвинителство

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство побарало од Министерството за внатрешни работи да му бидат доделени телохранители кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители.

„Како Јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова Јавно обвинителство одлучи да ги зголеми мерките за безбедност. Во оваа насока појаснуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи побарано е да бидат доделени на работа на ова Јавно обвинителство лица кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители“, велат од Обвинителството за Плусинфо.

Ова барање доаѓа по вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во еден дел беше посветен и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како инструмент со кој на власт требало да дојде опозицијата.

Поврзани новости