Јакимовски: Само ИСИЛ и СДСМ уништуваат културни споменици

by fokus

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција ги осуди акциите на Шарената револуција, зад кои обвини дека стои СДСМ, а ги спореди дури и со  терористички групи како Исламска држава.

„Во светот постојат само две политичко- воени групации кои уништуваат споменици на културата: тоа се припадниците на ИСИЛ кои разурнуваат древни асирски градови во Сирија и Ирак, и на СДСМ. Во отсуство на креативност и идеи, но со силно чувство на немоќ да се освои власта на легитимен начин, СДСМ се фаќа за деструктивното однесување: поганење на спомениците и на јавните институции на државата. Со тоа оваа генерација на политички раководители, СДСМ ја претвараат од државотворна во деструктивна партија.” – рече Јакимовски.

Поврзани новости