Јакимовски: Градинките во Карпош овој септември нема да работат во две смени

by Fokus

Градинките во Карпош овој септември нема да бидат во можност да работат во две сменипоради немањето соодветни услови и капацитети, информираат од Општината.

– Не ни е јасно како замислувате да работи втора смена до 21:30 часот, затоа што секој што работи во смени, работното време му завршува или во 22:00 или во 23:00 часот, што значи дека објектите заедно со персоналот мора да функционираат до полноќ. Во моментов сите наши објекти имаат недостаток на негователки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, ќе биде на штета на децата кои  се веќе згрижени – пишува во дописот до Министерство за труд и социјална политика, на кој е потпишан градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Поврзани новости