Ја повредил со нож, и вперил пиштол на сестра и го натепал нејзиниот син

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против  Б.Л.(34) од село Жубрино, кичевско за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Според полицијата, на 10 февруари во село Жубрино во домот на Л.Љ.(34), пријавениот по претходна вербална расправија со Л.Љ., нејзиниот 13 годишен син и нејзината сестра Л.И.(36), физички ги нападнал, при што вперил пиштол кон Л.И., додека на Л.Љ. и нанел телесна повреда со нож.

Поврзани новости