Извесно е дека Максим Димитриевски ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово

by fokus

Максим Димитриевски најверојатно ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Куманово.

Тој за „Фокус“ изјави дека се кандидирал во партиската процедура за избор на кандидати за градоначалници, а сега во тек се анкети и сондажи за тоа кој има најголема поддршка кај граѓаните.

Според информациите на „Фокус“, на анкетите најдобро котира токму Димитриевски и извесно е дека тој ќе влезе во трката за градоначалник на Куманово.

 

Поврзани новости