Извештајот на СЈО наредниот понеделник во Собрание

by fokus

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство ќе се најде на дневниот ред на 120-та  собраниска седница, што претседателот Трајко Велјаноски ја закажа за наредниот понеделник.

Специјалната обвинителка Катица Јанева Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (од 15.09.2015 до 15.03.2016 г.) го достави минатата недела.

Таа истакна и дека е подготвена да го образложи Извештајот во Собранието, доколку биде повикана.

Поврзани новости