Избувнал пожар во куќа, починало едно лице

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во настанал пожар во куќа во општина Дебарца, каде починало едно лице, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 18.00 часот во село, Песочан-Општина Дебарца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т. При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Поврзани новости