Ивона Талевска за „Фокус“: Си заминав од „Вечер“ на мое барање, останувам во „Сител“

by fokus

Новинарката, Ивона Талевска не е повеќе главен и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“, од позицијата си заминува на нејзино барање, а поради бројните обврски, потврди таа за „Фокус“.

-Да, точно е дека си заминав од „Вечер“, на мое барање. Но останувам во „Сител“ како заменик главен и одговорен уредник – вели Талевска.

На нејзино место во „Вечер“ како главен е одговорен уредник е поставена Весна Миќиќ Божиновска.

Талевска е, инаку, обвинета во предметот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Тифани“ е за затајување данок во фирмите „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица, според СЈО, го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а обвинетите за 16 илјади евра. Минатиот месец на барање на СЈО судот на Талевска и одреди мерка на претпазливост одземање на пасошот.

Поврзани новости