Ивона Талевска осудена на две години условна казна затвор

by fokus

Новинарката Ивона Талевска е осудена на условна казна од две години затвор, откако денеска во Kривичниот суд призна за затајување на данок, во предметот  на Специјалното јавно обвинителство „Тифани“.

Ова значи дека Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета.

Покрај условната казна, Талевска ќе треба да ја врати целата сума, за која се сомничеше во случајот „Тифани“,  a треба да плати и околу 1.000 евра за направено вештачење.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

Поврзани новости