Иванов: Загрижени сме дека ЕУ ќе тргне по патот на Југославија

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов вели дека со загриженост ја примил веста дека Велика Британија ја напушта Европската Унија, бидејќи како што рече, нашите стратешки определби биле насочени кон европската заедница.

Иванов потенцира дека Европа сега се наоѓа во една нова ситуација за која нема никакво претходно искуство, а се сомнева и дека Унијата би можела да се распадне како Југославија.

– Ние, постарите, ја доживеавме трагедијата на поранешна Југославија, каде исто така имаше систем на колективно одлучување. Каде е сега таа држава? Нè загрижува можноста Европската Унија да тргне по истиот пат – рече Иванов.

Поврзани новости