Иванов – Вучиќ: Отворените прашања треба да ги решат институциите

by fokus

Отворените прашања меѓу Македонија и Србија треба да бидат разгледани преку дијалог и надлежните институции да наоѓаат решенија за нив, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Според Иванов, двајцата имале конструктивна средба и се согласиле дека отворените прашања не треба да се политизираат.

Се разговарало и за можностите за продлабочување на економската и трговската соработка, додека за идејата за заеднички регионален пазар Иванов потенцираше дека оваа тема е во надлежност на двете влади и е од интерес за целиот регион.

„Разговаравме и за прашања од доменот на културата кои мора да ги регулираме со одбележувања на настани, како што беше одбележувањето на 70-годишнината од доаѓањето на Македонците во Србија што го одбележавме заедно со претходникот на Вучиќ“, рече Иванов.

На средбата присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Поврзани новости