Иванов со честитка за Велигден: Да се присетиме на Eвангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието

by fokus

Претседателот, Ѓорѓе Иванов на верниците им го честита големиот христијански празник Велигден.

„Со овој чин Спасителот ни дарува слобода во љубовта, избавувајќи нè од смртта и дарувајќи ни живот. Затоа, Пасха, како што уште се нарекува Христовото воскресение, значи премин – смилување, чудо на сите чуда, божји дар и благослов. Да се верува во Синот Божји значи да се има непоколеблива надеж и искрено покајание. Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Нема поблагословен ден од Велигден, затоа Ве повикувам, заеднички, да побараме разбирање, единство и братољубие меѓу нашиот христијански народ. Да се присетиме на Eвангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото. На сите христијански верници им посакувам меѓусебно почитување, разбирање и љубов во срцето со верба во Бога. За многу години празникот – Христос воскресна!“ вели Иванов во честитката за Велигден.

Поврзани новости