Иванов се согласува со Шеќеринска дека армијата извршувала туѓи задачи

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов се согласува со ставот на Министерството за одбрана дека во изминатиот период армијата извршуваше задачи на други институции и затоа бара таа пракса и противзаконито постапување да прекине.

Но, како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Иванов воедно бара од министерството за одбрана да обезбеди поголем буџет, услови за редовна работа на АРМ и војниците кои се распоредени во кризните подрачја повеќе од 24 месеци, соопштија од претседателскиот кабинет.

„По поплавите во скопскиот регион во август 2016 година, Иванов упати критика и побара одговорност од надлежните институции да ја остваруваат превенцијата, да си ги извршуваат задачите и во недостиг на време за завршување на постапката за законска оправданост да не ја доведуваат Армијата да интервенира трошејќи ресурси наменети за основната мисија“, велат од кабинетот на Претседателот.

Поврзани новости