Иванов по средбата со Ји: Ако постои лидерство, пречките за доделување мандат се надминливи

by fokus

Доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на Влада се надминливи, истакнал Ѓорѓе Иванов на средбата со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Ли.

-Претседателот ги повтори неговите претходни барања дека ќе бара гаранции од Заев дека унитарноста на државата ќе биде сочувана за да му го даде мандатот.  Тој го осудува секое политичко и физичко насилство во Република Македонија и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија.
Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, констатираше македонскиот претседател. Претседателот Иванов повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Поврзани новости