Иванов му честитал на Ердоган за резултатите од референдумот

by fokus

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитки до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод референдумот во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Исто така, честитки до претседателот Ердоган упатија и премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Словенија, Борут Пахор и премиерот на Либан, Саад Харири.

Честитки до Ердоган стигнале и од Шеикот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, од палестинскиот претседател Махмуд Абас, од претседателот и премиерот на Пакистан, од потпретседателот на Ирак, претседателот на Џибути, како и од унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Поврзани новости