Иванов: И да се избере спикер, не му го давам мандатот на Заев

by fokus

И да се избере претседател на Собрание, мандат за формирање влада лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да добие без да се откаже од Тиранската платформа, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во интервју за хрватската национална телевизија.

-Правната пречка се решава со избор на нов претседател на Собранието. Јас како претседател на државата, имам рок од 10 дена да го дадам мандатот… Но, другата пречка е посуштесвена. Тие 67 потписи се добиени под уцена на албанските партии да Заев прифати платформа која е донесена во кабинетот на Премиерот на друга држава. Ако дадам мандат на некој кој прифатил платформа на туѓа држава, согласно напиот кривичен закон, членот 308 јас ја рушам независноста на државата, таму изричито стои, тој што би ја довел државата во подредена сосотојба и зависност од друга држава се казнува до пет години, рече Иванов.

Тој во интервјуто го нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого рече дека бил премногу исплашен.

-Преплашен. Затоа што очигледно не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра во која што не може сега да излезе. Тој сега прави грешки. Кога е човек исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од онаа кога почна сево ова. Кога сакаше преку снимки, кои како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја сруши легално избраната Влада на Република Македонија, вели Иванов.

Поврзани новости