Иванов денеска ќе ги прими на средба професорите од контра-пленумот

by Фокус

Откако вчера на средба со шефот на државата Ѓорѓе Иванов беа преставници на Студентскиот и Професорскиот пленум, веднаш по нивното соопштение, желба за средба изразија и професорите од контра-пленумот. Тие денеска ќе се сретнат со македонскиот претседател, на кој треба да му објаснат зошто даваат поддршка на новите законски измени во високото образование.

Oд Пленумите вчера соопштија дека побарале од претседателот вето за новиот закон за високото образование, Кабинетот, исто така испрати соопштение во кое се вели дека претседателот сака заедничка средба со двата пленума и со претставниците од „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.Според него,  на земјава и е потребна успешна трансформација на високото образование и тој во целата ситуација ќе се однесува како државник, а не како професор.

Поврзани новости