„Источните оскари“ во петокот се одржаа во Свети Николе

by fokus

Новинарскиот центар „Исток“ при ЗНМ уште еднаш организираше вечер на која им беа врачени признанијата на најдобрите репрезенти на источниот регион во одделни области.

Општина Пробиштип стана добитник на најдоброто во регионот од областа на селскиот туризам за проектот Лесново. Бобан Николов, е добитник на признанието за најдоброто во спортот, а наградата ја прими неговиот татко Санде Николов-Цане. Рудникот Саса ја понесе наградата за децениски континуиран влог во заштита на животната средина. М-р д-р Гоце Стојменовски во Делчево се врати со признанието за најдоброто во здравството.

Наградата за ЖИВОТНО ДЕЛО му беше дадена на Проф.д-р Методи Чепреганов за неговиот 58 годишен придонес за доброто здравје на нацијата.

Поврзани новости