Истекоа роковите за поднесување приговори до ДИК за локалните избори

by Fokus

Ноќеска во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.

До синоќа во 19 часот беа поднесени 24 приговори, две од ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

До ДИК се поднесени и 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право. Приговорите за постапката за гласање можеа да се поднесуваат најдоцна до синоќа во 19 часот.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

 

Поврзани новости