Исчезна маж од Кавадарци: Тргнал по леб и не се вратил дома

by Fokus

Никола Гергев (60) од Кавадарци, вчера заминал по леб, и повеќе не се вратил дома. Неговото семејство веќе втор ден го бара исчезнатиот маж, и апелира до сите кои имаат било каква информација, да ги контактираат.

,,Вујко ми е семеен човек, има сопруга и две деца. Вчера, во околу 8:30 наутро, отишол да купи леб. Не се вратил дома, нема мобилен со него. Носел околу 700 до 800 денари. Ја информиравме и полицијата, баравме околу реки, ниви… Како да пропаднал во земја. Инаку, тој е вработен во ,,Фени’’ досега не се случило да замине без да каже каде оди. Целото семејство е потресено’’ – ни изјави неговата внука, Марија Колева.

Таа додава дека Никола е висок околу 170 сантиметри, носи наочари за вид, бела капа, кафеаво палто, фармерки и сини патики. Сите кои го забележале или имаат било каква информација, можат да се јават во полиција или пак кај семејството, на телефонскиот број 075 635 677.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости