Исчезна девојче во Неготино

by fokus

Исчезна петнаесет годишно девојче од Неготино. Лора Ставровска, денес излегла од својот дом во 11 часот, облечена во розеви кратки летни пиџами, и и се губи секаков траг.

,,Лора е ученик на генерацијата, одговорно и добро дете. Апелираме до сите кои што имаат било каква информација околу тоа каде би можела да се наоѓа, да не известат нам, или пак да се јават во полиција’’ – изјавија за ,,Фокус’’ членови на семејството на девојчето.

Тие настанот го пријавиле и во ПС Неготино. Секој кој што има било каква информација поврзана со случајот, може да се јави во полиција, или пак на 075 845 034, кај семејството на девојчето.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости