Инцидент на гласање во Стајковци, советник повикан на информативен разговор во полиција

by fokus

Денеска во Стајковци по завршување на гласањето на болни и изнемоштени лица пред избирачкото место се случил вербален инцидент во кој според очевидци носител на советничка листа нападнал член на избирачкиот одбор. Наводно советникот без никаква причина почнал недолично да зборува и да упатува навреди кон членови на избирачкиот одбор и нивните семејства.

Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција по што советникот е повикан на информативен разговор. Додека трае распитот пред полициската станица се собрани група на негови поддржувачи.

 

Поврзани новости