Инспекторите испратени по налог на Таравари утврдиле лоша хигиена на скопската Клиника за Гинекологија

by Fokus

Од министерството за здравство информираат дека синоќа во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од кабинетот на министерот за здравство извршиле вонреден инспекциски надзор во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

– При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно. Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво – се наведува во соопштението на ресорното министерство

– Цел на надзорот:

-континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски  и санитарно-технички услови во објектот;
-почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи,
-почитување на Законот за заштита од пушење,
-контактирани по случаен избор пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.

Поврзани новости