Илиоски: Ова е Министерство за неправда, се затвораат луѓе кои различно мислат

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше пред Министерството за правда и уште еднаш побара да се ослободат притворените осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Пред присутните се обрати Зоран Илиоски кој кажа дека ова Министерство може слободно да се нарече дека е за неправда.

-Тука сме бидејќи од кога хунтата е дојдена на власт во Република Македонија, место правда се спроведува неправда, се затвараат луѓе кои што различно мислат, луѓе кои што поинаку ги искажуваат своите ставови од владејачката гарнитура. Се затвораат луѓе патриоти, луѓе кои што си ја сакаат својата Република Македонија, својата држава, својата татковина, рече Илиоски.

Поврзани новости