Идентификувани дел од насилниците во Собранието кои беа со фантомки

Најголемиот дел од насилниците кои го предводеа нападот во Собранието на 27 април, се идентификувани, објави телевизија Телма. Нивниот идентитет го откриле осумината полициски инспектори, дел од тимот на обвинителството за организиран криминал.

Телма јавува и дека Митко Чавков, тогашниот раководител на оперативниот штаб одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а се уште не бил повикан на распит во обвинителството.