Ибраимовски: Ставрески, да ги вратиш потрошените пари за пинг-понг законите

by Фокус

-Зошто си играте со народот? Со кое право да играте со народни пари и правите што сакате? За потрошените пари за донесување на овој закон треба да одговарате, господине Ставрески, вие сте креатор на пинг-понг закони! За одржаните седници и комисиски седници во Собранието на Република Македонија, за ангажирањето на полицијата на протестите против законот за хонорарите, трошоците треба да ги платите Вие!, реагира лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, после одлуката на Владата да се укине законот на хонорарците.

Ибраимовски го нарече министерот за финансии, Зоран Ставрески, измамник и ги наброја Субрата Рој и проектот „Купи куќа – купи стан“ како негови најголеми измами.

-Но, немојте да мислите дека ова така ќе помине. И јас лично и ПЦЕР само чекаме да се избере Специјалниот јавен обвинител и да ја доставиме кривичната пријава против Вас и Јанкулоска, пишува во соопштението на Ибраимовски.

 

Поврзани новости