И помалата ќерка на Владимир Талески се вработи во државна администрација

by fokus
Помладата ќерка на битолскиот градоначалник Владимир Талески се вработила во подрачното одделение на Бирото за развој на образованието во Битола, потврдуваат извори од институцијата за СДК. Според нив, ќерката на првиот човек на Битола била вработена уште лани во октомври како помлад соработник. Но, веста се рашири дури денес низ социјалните мрежи.
Бирото за развој на образованието, каде таа се вработила, е надлежно за наставните програми во општото и гимназиското образование. Советниците за образование при вработување во оваа институција треба да имаат пет години искуство од работа во областа на образованието, а за другите работни места ова не е задолжително.
И постарата ќерка  на битолскиот градоналаник, пред неколку години, исто така за време на неговиот мандат, се вработи во државна служба. Таа работи во службите на Ветеринарниот факултет во Битола.

Поврзани новости