И ако има само еден спорен гласач, Чичаковски нема да го потпише Избирачкиот список

by Фокус

По петчасовна седница, Државната изборна комисија едогласно го усвои Извештајот за досегашната административна и теренска вкрстена проверка на спорните гласачи. Сепак, од ДИК не кажаа до кога ќе трае проверката на Списокот, одосно дали има или нема услови услови за парламентарни избори на 5 јуни.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, увери дека ако остане и само еден спорен гласач, тој да нема да го потпише Избирачкиот список и побара сите институции да соработуваат.

Членовите на Државната изборна комисија имаат спротивставени ставови во однос на тоа дали ќе се стигне навреме да се направи прочистувањето за да има избори на 5 јуни.

Поврзани новости