Ховит: Не ја исклучувам можноста за преодна влада

by Фокус

Еден од тројцата европратеници кои се  директно вклучени во преговорите меѓу ДПМНЕ и СДСМ, Ричард Ховит, денеска изјави дека постои можност за формирање преодна влада, но тој не би сакал да говори дали според него тоа е вистинското решение.

-Имам отоврен ум и таа варијанта не ја исклучувам. Тоа е предлогот на една од страните и спротивставена од другата страна. Така што, ако сега јас јавно кажам дали со сè се согласувам или не, би им нештетил на медијацијата и на процесот, изјави Ховит за Алсат М.

Тој додаде дека во процесот на преговори ги истражуваат сите идеи и на сите нив гледа со отворен ум. Не сака да зборува за што точно се разговара.

-Искрено, важно е тоа што се обидуваме успешно да го искористиме нашето влијание, но би било многу погрешно ако јавно зборувам за содржината на тие разговори, зашто тоа би ја ограничило слободата на засегнатите страни да вееруват дека можат да зборуваат и разгледуваат идеи со нас во рамките на преговорите, рече Ховит.

Поврзани новости