Ховит: ЕУ е за формирање на Специјален суд за предметите на СЈО

by fokus

Европратеникот Ричард Ховит пред заминувањето од Македонија порача дека изборите на 11-ти декември се можност за промени во земјата, а особено го потенцираше знањето на Специјалното јавно обвинителство во решавањето на кризата.

Ховит денеска беше на средба со Катица Јанева, а како што напиша на Твитер, бил и во силно обезбедена просторија каде што се чуваат материјалите од прислушувањето.

Европратеникот изјави дека  треба сериозно да се разгледа предлогот за формирање на специјалнот судско одделение во Кривичниот суд, кое ќе постапува по предметите на Специјалното јавно обвинителство.

-За мене и за ЕУ е многу добар предлогот кој го предложија од невладиниот сектор. Тие велат дека е многу добро во скопскиот Основен суд 1 да се формира специјално судско одделение кое ќе ги суди предметите на СЈО исто како што постапува и по предметите од Обвинителството за организиран криминал – изјави Ховит.

Тој порача и дека е разочаран што Уставниот суд сè уште се нема произнесено за уставноста на СЈО, како и од политичката клима во која работи.

Ховит додаде дека следниот месец ќе биде објавен Извештајот на Еу за напредокот на Македонија, каде повторно поканата за членство во ЕУ ќе биде условена.

Поврзани новости