Холанѓанка пронајдена мртва во хотел во Охрид

by Fokus

Седумдесет и две годишната В.С.Б.Т.М. од Амстердам, Холандија била пронајдена мртва во хотел во Охрид, информираат од МВР.

Според полицијата, случајот кај нив е пријавен вчера околу 10 часот. Жената била пронајдена почината во хотелската соба во која престојувала.

Смртта без траги на насилство е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта.

Поврзани новости