Хојт Ји: Сега е вистинската шанса, Македонија и Грција да го решат спорот со името

by Fokus

Сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името. Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. Ова го изјави Хојт Ји, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања  за бугарската телевизија Блумберг.

Тој додаде дека компромис може да се постигне само со силна волја на лидерите на двете земји.

„Македонија и Грција, имаат  можност да постигнат договор за прашањето за името. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш. Ќе биде напорно. Но, ако  двете држави продолжат да работат, како што работеа до сега, со посредство на Метју Нимиц, веруваме дека тоа е возможно – истакна Хојт Ји.

Поврзани новости