Хојт Ји: Немам вести и упатства дека ќе станам амбaсадор во Македонија

by Фокус

Американскиот помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји, демантираше дека дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија.

-Многу сум горд што сум заменик помошник на државниот секретар на САД и задоволен сум со ова што го работам и немам никакви вести дека таа позиција ќе се промени. И драго ми е да кажам дека уште ќе бидам тука. Мојот план е да останам во Стејт департментот додека не ми кажат да одам на друго место, а немам добиено никакви други упатства – рече Ји во интервју за ТВ Н1 во Сараево на прашањето дали ќе биде новиот амбасадор во Македонија.

Тој додаде дека дека еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа, како и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина.

Поврзани новости