Хан во Скопје, утре нови министри, ако треба ќе се преговара цела ноќ

by Фокус

Доаѓањето на Јоханес Хан во Македонија најверојатно ќе значи забрзување на процесот на преговори меѓу политичките партии. Утре се очекува да бидат избрани сите обвинители на Катица Јанева во специјалното обвинителство, а утре истекува и рокот за избор на нови министри во Владата, меѓу кои и нов Министер за внатрешни работи.

-Работиме секој ден за да постигнеме напредок, можам да кажам дека и ноќе работиме. Мора да постигнеме напредок во оваа земја. Секогаш е корисно луѓето да дојдат, да ја видат ситуацијата со свои очи и да зборуваат со луѓето за да формираат сопствено мислење – рече олеснувачот Ванхауте на прашање дали беше неопходно доаѓањето на Хан.

Претходно работните групи постигнаа согласност за изборниот законик, но тоа не беше официјализирано затоа што СДСМ објави дека нема нови договори додека не се изберат сите обвинители.

 

Поврзани новости