Хан во моментот на средба со Заев

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во моментот во резиденцијата на ЕУ во Пржино, заедно со европратениците Ричард Ховит, Едуард Кукан и Иво Вајгл, има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

После Заев, средба со делегацијата ќе има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, после што ќе биде соопштено дали ќе има лидерска средба. Се шпекулира дека лидерската средба треба да почне во 17 часот, при што Хан после во 18 и 30 часот ќе одржи прес-конференција.

Европската четворка претпладнево во ЕУ Инфо Центар имаше средба со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Поврзани новости